Во Иран прегазени две жени затоа што не носеле прекривка на главите

Од:

Две жени се тешко повредени во Иран, откако наводно маж ги прегазил со автомобил бидејќи немале прекривки на главата, јавија локалните медиуми.

За време на инцидентот во градот Урмија, во северозападниот дел на Иран, возачот гласно се пожалил на изборот на облеката на двете жени, извикувајќи дека таа не е исламска, пренесува агенцијата Илна.

Наводно дошло и до сериозен конфликт, по што тој со автомобилот влетал во нив и ги прегазил.

Жените се здобиле со сериозни повреди, но веќе не се во животна опасност, пренесе Илна.

Возачот се обидел да побегне од местото на инцидентот, но подоцна бил уапсен. Судските службеници го осудија нападот и рекоа дека нема да одобрат некој самиот да ја преземе правдата во свои раце.

Масуме Ебтекар, иранската потпретседателка за женски прашања, нападот го нарече обид за убиство и побара строга казна.

Од Исламската револуција во Иран во 1979 година, девојчињата од деветатат година на животот мора да се облекуваат во согласност со исламскиот закон. Меѓутоа, 42 години подоцна, овие правила не се популарни кај повеќето жени. Се почесто во поголемите градови можат да се видат жени кои не носат хиџаб.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он