Во Иран починаа уште две лица од новиот коронавирус

Од:

Во Иран уште две лица починаа од новиот коронавирус, со што бројот на жртвите се искачи на 14.

Тоа е најголем број на жртви надвор од Кина, каде кон крајот на минатата година почна епидемијата.

Министерството за здравство на Иран вчера објави дека 61 човек се заразени со новиот коронавирус.

Ширум Иран воведени се мерки на претпазливост, откажани се концерти, затворени се училиштата, универзитетите и спортските сали.

Претходно, пратеникот од градот Кум, Ахмад Фарахани ја обвини Владата дека ја прикрива вистинската информација за ширењето на болеста. Властите објавија дека досега од коронавирусот се починати 12 лица, но според Фарахани, смртните случаи се околу 50.

Иранскиот заменик министер за здравство, Ирај Харирчи „категорично ја отфрли“ таквата информација, додавајќи дека „сега не е време за политички конфронтации, бидејќи коронавирусот е национален проблем“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он