Во Иран по повод годишнината од раѓањето на пророкот Мухамед помилувани 3.780 затвореници

Од:

По повод годишнината од раѓањето на пророкот Мухамед иранските власти одлучија да помилуваат 3.780 затвореници.

Портпаролот на иранското Обвинителство,Гулам Хусеин Исмаил изјави дека 2.301 затвореник се пуштени на слобода, додека на другите им се намалена затворската казна.

Меѓу ослободените осуденици се и 157 лица кои беа во затвор поради учество во недозволени протести изминатите години. Поради учество во протестоте во 2017, 2018 и во 2019 година на затворска казна осудени се стотици луѓе.

Помеѓу помилуваните се и 16 затвореници од исламските држави.

Согласно иранските закони, верскиот поглаварт има право да помилува затвореници по различни поводи, како што е годишнината од Исламска револуција.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“