Иранските власти денеска соопштија дека новиот коронавирус однесе уште 85 животи. Тоа е најголем број на смртни случаи во еден ден во една од најтешко погодените земји во светот.
-За жал, 85 лица заразени со Ковид-19 починаа во изминатите 24 часа. Со тоа, имаме вкупно 514 смртни случаи во Иран, рече портпаролот на Министерството за здравство Кианоуш Јаханпур на телевизиска конференција за медиуми.