Во Холандија иницирана петиција за проституцијата да биде кривично дело

Од:

Повеќе од 42 илјади млади ја потпишаа петицијата во Холандија со која се бара проституцијата да стане кривично дело.

Според актуелниот закон, во случај на взаемна согласност легално е возрасни лица да плаќаат за секс.

Организаторите на петицијата бараат проституцијата да биде регулирана согласно т.н. „северен модел“. Тоа значи дека проституцијата би била незаконска, а би се казнувале само клиентите кои плаќаат за сексуални услуги. Сепак, здружението на амстердамските сексуални работнички не се согласуваат со таа иницијатива. Тие веруваат дека системот со кој се казнуваат клиентите би ги повредил и проститутките, бидејќи промената на околностите би ги натерала да работат во илегала.

Според холандскиот закон, со оглед на бројот на потписници, Парламентот мора да се занимава со тоа прашање, но локалните медиуми посочуваат дека е мала веројатнота проституцијата во Холандија да стане нелегална.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Силна експлозија во Холандија