Во Гуам се делат летоци со упатства за реагирање при евентуален напад на Северна Кореја

Од:

Жителите на американската територија Гуам, доколку биде издадено предупредување за напад треба брзо да се скријат во бетонски објект, по можност под земја и да останат таму се додека не добијат други инструкции.

Ова е наведено во летоците насловени „Подготовка за потенцијалната ракетна закана“, а кои се делат од Службата за цивилна заштита, со цел да им помогне на жителите да се подготват за евентуалниот напад од Северна Кореја.

Упатставата содржат совети за собирање пакет за итни случаи, за сместување во бетонски објекти или објекти од тули и напомена за задржување на присебноста.

– Не го гледајте сјајот или огнената топка, може да ве заслепат, се вели во летоците.

– Легнете хоризонтално на земја и покријте ја главата, е уште една препорака содржана во нив.

Тие исто така содржат инструкции за отстранување радиоактивен материјал. – Доколку имате можност искапете се со многу сапун и вода за да помогнете во остранување на радиактивното загадување. Не се чешајте, не ја тријте кожата и не користете шампон за коса, бидејќи тој ќе ги залепи радиоактивните материјали во вашата коса, напишано е на летокот.

Властите не го зголемија нивото на закана за Гуам и покрај тоа што Северна Кореја објави планови за напад во близина на островот следните недели, изјави гувернерот на Гуам, Еди Калво.

Тој додаде дека многу згради во Гуам се изградени за да издржат силен тајфун, но призна дека ништо не може да ги заштити од термонуклеарен напад

Претседателот на САД, Доналд Трамп разговараше со Калво по телефон и го увери дека Гуам не е во опасност.

– Ние сме со вас сто проценти. Вие не сте во опасност, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија