Во Глазгов ќе се одржи првата ТВ дебата за независноста на Шкотска

Од:

Во Глазгов денеска се одржува првата телевизиска дебата меѓу противниците и поддржувачите на независноста на Шкотска.

Дебатата се случува шест недели пред референдумот, на кој Шкотланѓаните ќе се изјаснат дали ќе прогласат независност на Шкотска или ќе останат во рамките на Велика Британија.

Во дебататa учествуваат шкотскиот премиер Алекс Салмонд, кој е приврзаник за независност и Алистер Дарлинг, поранешен министер за финансии и поборник на за тоа Шкотска да остане во рамките на Велика Британија.

Дебатата почнува во 19 часот по локално време. Анкетите од крајот на јули покажуваат дека 48 проценти од околу четири милиони Шкотланѓани се „за“ тоа Шкотска да остане во рамките на Велика Британија, а 36 проценти се „за“ независност на Шкотска.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот