Во Гетеборг од 2 јануари ќе се наплатуваат патарини

Од:

На низа места во потесното градско подрачје на Гетеборг се инсталирани дигитални наплатни станици кои ќе бидат ставени во функција од 2 јануари 2013 година, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа значи дека сите кои со своите автомобили ќе возат во Гетеборг ќе плаќаат патарини (такса за намалување на сообраќајниот метеж). Такви патарини од пред неколку години се веќе воведени во шведската престолнина Стокхолм, а сега ќе профункционираат и во Гетеборг,  вториот по големина урбан центар во Шведска.

 – Во Стокхолм сообраќајот во централните градски делови е намален за 15 до 18 проценти, вели Ева Росамн од шведската Сообраќајна управа.

Од патарините ќе бидат ослободени автобуси, полициските возила, пожарникарските и други возила со сини светла, како и возилата со странски регистарски таблички. Цената на патарините ќе варира во зависнот од периодот на денот кога ќе се минува крај наплатните станици, но максималната такса за еднодневно возење ќе изнедува 60 шведски круни (околу 7 евра).

Но, многумина граѓани на Гетеборг се незадоволни од воведувањето на патарините и сакаат референдумско изјансување во врска со ова прашање. Досега се собрани потписи од 45.000 граѓани, а што е повеќе од 10 отсто од жителите на општина Гетеборг кои што ги ставиле своите потписи на протестната лист, колку што е неопходно за Општинското собрание да го разгледа барањето за референдум.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро