Во германската армија минатата година уапсени седум екстремисти

Од:

Во германската армија минатата година биле уапсени седум екстремисти, јавија локалните медиуми повикувајќи се на статистички податоци од Воената контраразузнавачка служба (МАД).

Вкупно четворица од уапсените биле десничарски екстремисти, а тројца биле исламисти.

Според извештаите, во седум случаи биле спроведени дисциплински или судски постапки, а повеќето осомничени го напуштиле Бундесверот.

Минатата година МАД регистрирала 270 осомничени случаи на десничарски екстремизам, стотина помалку отколку претходната година, кога имало 379 такви случаи.

Во исто време, имало мало зголемување на сомнителни случаи на исламизам: во 2017 година имало 46, а во 2018 година тој број се зголемил на 50.

MAД е најмалата германска тајна служба. Меѓу нејзините должности се и спречување шпионажа и саботажа во Бундесверот, како и водење истраги за екстремистички ставови и активности на војниците.

 

 

Би можело да ве интересира

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Горан Наумовски

Додик: Мојата пресуда и апсењето на Ѓорѓеску се дел од истата кампања

Горан Наумовски

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ