Во Германија се повеќе се зголемува бројот на мултимилионери

Од:

Во Германија оваа година се регистрирани повеќе од 19.000 мултимилионери, односно 7,2 отсто повеќе од минатата година, објавија денеска германските медиуми, наведувајќи дека тоа е најголем број во Европа, со што оваа земја, по САД, се најде на второ место во светот.

Бројот на луѓето чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари, се зголемил секаде во светот, па според податоците ширум планетава оваа година има 211.000 такви мултимилионери.

Кога станува збор за мултимилионерите во Германија се претпоставува дека располагаат со имот од околу 2,5 билиони долари што е десет отсто повеќе отколку минатата година.

Карактеристично за Германија е тоа што нејзините мултимилионери во голем број го наследиле својот имот.

Дури 28 отсто од нив за своите милиони треба да им заблагодарат на роднините, а само 41 отсто од нив сами ги заработиле милионите.

Повеќето мултимилионери живеат во Минхен, Хамбург, Дизелдорф и Штутгарт.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски