Во Германија се гради ѕид „против Доналд Трамп“

Од:

Противници на политиките на новиот американски претседател Доналд Трамп на симболичен начин се обидуваат да го искажат своето незадовлство од идејата САД да изгради ѕид на границата со Мексико, за да се спречи илегалната миграција меѓу двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, менаџментот на забавниот парк „Миниатур Вондерленд“ во Хамбург на своите турстички атракции им додадоа и минијатурен ѕид, кој ја опкружува копијата на САД и кој земјата ја одделува од светот.

Еден од основачите на забавниот парк, Герит Браун за германските медиуми вели дека идејата за изградбата на минијатурната реплика на ѕидот што го вети Трамп, е посетителите да видат што може да се случи кога „се градат идеолошки ѕидови околу нашите земји“.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја