Редок хибрид меѓу овца и коза е роден пред шест месеци на фарма во централна Германија, јавуваат во вторник германските медиуми.
Професорот Кристоф Кнор од факултетот во Готинген изјави дека несомнено станува збор за „овкоза“, пренесе Макфакс.
Таквото вкрстување е можно, но исклучително ретко. Овците и козите припаѓаат на исто семејство, но имаат различен сет хромозоми. Козите имаат 60 хромозоми, додека овците 54, што го прави вкрстувањето исклучително тешко.
Научниците во Готинген ќе продолжат да го проучуваат ова животно, моментално единствено научно потврден примерок во светот.