Во Германија повеќе луѓе протестираа против антиисламистите, отколку против муслиманите

Од:

Без сериозни инциденти поминаа протестите што вечерва по 12-ти пат се одржааа во Дрезден и десетина други германски градови во знак на протест против „исламизацијата на Западот“, што ги организира групата Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот (ПЕГИДА).

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, голема група демонстранти, за која полицијата се уште не излегува со проценка за бројноста, повторно го исполни главниот плоштад на Дрезден, каде што само два проценти од населението се муслимани.

Демонстрантити носеа банери со имињата на француските новинари убиени во Париз и пораки со кои ги обвинија медиумите дека не ја пренесуваат точно нивната кауза, а на еден постер канцеларката Меркел беше претставена со шамија какви што носат муслиманките.

Добрата вест од Германија вечерва е што бројот на контрадемонстрантите што се борат за фер третман на имигрантите и муслиманите беше поголем од оној на присутните на антиисламските протести.

На протестите, што се одржааа во главниот град Берлин, овој сооднос беше 10 спрема 1 односно на 400 антиисламисти им се спротивставија 4.000 умерени Германци. Во главниот град на Баварија, Минхен на подржувачите на антиисламските протести им се придружија 1.500 луѓе, а на другата страна беа повеќе од 20 илјади демонстранти.

Неколкукратно поголема беше и бројката на контрапротестантите во Лајпциг, каде локалната власт прво ги забрани објавите на карикатурите на пророкот Мухамед за под притисок на активистите за слобода на изразување да дозволи нивно објавување.

Германската канцеларка Меркел пред вечерашните протести порача дека Исламот и припаѓа на Германија и дека германските граѓани не треба да им се придружуваат на организаторите на антиисламските протести, затоа што тие се луѓе кои носат омраза во нивните срца.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски