Во Германија пораст на доселениците од Хрватска

Од:

Германија регистрира најголема стапка на доселување во изминатите 22 години, а вселувањето на хрватски државјани речиси е двојно повисоко по влезот на државата во Европската унија, се вели во податоци на Миграцискиот извештај на германската Влада претставен денеска во Берлин.

Информации за квалификациите на доселените граѓани од Хрватска не се објавени, но е забележлив висок процент на доселеници од машки пол – 72,4 отсто.

За Хрватите до 30 јуни оваа година се уште важат ограничувањата при доселување, јавуваат хрватски медиуми, додавајќи дека за да се биде во работен однос во Германија на Хрватите се уште им е потребна работна дозвола.

Но тие ограничувања содржат многу исклучоци па така лица со академско образование, сезонските работници до шест месеци и приправници може да бидат во работен однос без работна дозвола со тоа што мора да работат на работно место што одговара на нивното образование.

Германија досега не одлучила дали тие мерки за граѓаните на Хрватска ќе ги продолжи.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски