Германскиот политички врв се согласи одлука за дополнителни антиепидемиски мерки во земјата да биде одложена до 25. ноември, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел.
Таа истакна дека поголемиот број на сојузни држави не биле согласни за заострување на мерките пред крај на следната недела.
– Јас можев да прифатам зголемување на рестриктивните мерки и денеска, за таква одлука немаше потреба од мнозинство, истакна Меркел.