Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Од:

Германската полиција интензивно трага по непознат маж кој сексуално злоставувал девојче (8) во дворот на училиште во Лудвигсбург.

Тој и пришол на девојчето во училишната зона, а потоа почнал да врши полови дејствија врз неа. По извесно време девојчето успеало да побегне, а нејзиниот напаѓач заминал во непознат правец.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Според полицискиот извештај, истиот маж претходно бил забележан како во понеделник попладне во супермаркет на сексуално навредлив начин разговарал со две девојчиња.

Тие успеале да му побегнат, а непознатиот маж не успеал да им наштети.

Сите три девојчиња го опишале напаѓачот како маж на возраст меѓу 20 и 30 години, со кафена коса и облечен во кафени панталони и сива јакна. Со себе носел и црвен ранец.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД