Во Германија исчезнале речиси 6.000 малолетни бегалци

Од:

Германската медиумска корпорација „Функе Медиенгрупе“ денеска објави дека минатата година во земјата исчезнале 5.835 малолетни бегалци, од кои 555 биле под 14-годишна возраст.

Според медиумската кропорација, како што јави дописникот на МИА од Берлин, информациите за исчезнати малолетни бегалци се добиени од извори во германскиот Парламент.

Во февруари Министерството за семејни работи одговрајќи на прашања на медиумите објави дека нема причина да се верува во исчезнувањето на илјадници деца бегалци.

Меѓу 1,1 милион бегалци кои што минатата година дојдоа во Германија се верува дека има најмалку 20.000 деца, кои во Европа дошле без придружба на своите родители или блиски роднини.

Германското Министерство за внатрешни работи нема информации зошто и како се случиле толку голем број исчезнувања на деца бегалци.

Според претставникот на партијата Зелени, Луис Амцберг, Федералната влада предводена од канцеларката Ангела Меркел не одговорила на проблемот соодветно, затоа што не ги зела сериозно предвид „опасностите од присилна проституција и искористување“ со кои се соочуваат малолетните бегалци.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он