Во Франција воздухот достигна максимална загаденост

Од:

Загаденоста на атмосферата со ситни честички, најчесто од издувните гасови на дизел моторите, го надмина прагот на загаденост во северно-источниот дел на Франција од пред неколку дена, а од вчера Париз и парискиот регион.

Француските власти му препорачуваат на населението да ги избегнува интензивните физички активности и да ја ограничи употребата на автомобили кои не се опремени со филтери за честички.

Истовремено на повеќе патни магистрали е намалена ограничената брзина на автомобилите.

Неодамна Светската здраствена организација ги стави ситните честички присутни во воздухот во категоријата на канцерогена материја.

Според некои пресметки, годишно во Франција 42 000 предвремени смртни случаи се поврзани со емисијата на ситни честички. Француските власти размислуваат за зголемување на даноците и таксите врз дизелот, кој е поевтин од бензинот, што ги наведе Французите да купуваат многу повеќе дизел возила.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз