Во Франција: Вооружени со ножеви нападнаа селски фестивал, убиено момче, ранети 18 лица

Од:

Франција е во шок по убиството на 16-годишното момче Томас и ранувањето на 18 лица, по тепачка во Крепол, во департманот Дром, за време на селски зимски бал.

Девет лица се уапсени, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, два дена по инцидентот што се случи ноќта меѓу саботата и неделата.

Досега 70 лица се испрашани. Во Крепол живеат околу 500 луѓе, а речиси сите мештани беа во саботата на 18 ноември биле на зимскиот бал.

Околу два часот по полноќ, кога забавата беше речиси завршена, следеше необично насилство – група млади мажи од блискиот град упаднаа во салата и започнаа да бодат со ножевите. Од тешките повреди на вратот и телото, Томас починал во возилото на брзата помош, додека други 18 лица се хоспитализирани.

Отворена е истрага за убиство и обид за убиство од организирана банда.

„Имаше голема тепачка меѓу напаѓачите и оние кои имаа храброст да им се спротивстават. Тоа беше крвопролевање“, велат очевидци.

Според локалните медиуми, групата напаѓачи била составена од околу 15 млади луѓе од населбата Ромен сер Исера, град оддалечен 20 минути од Крепол.

Причините за ова насилство се уште не се познати, а медиумите пишуваат дека можеби станува збор за одмазда.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ