Во Франција официјално почна кампањата за парламентарните избори

Од:

Во Франција денеска официјално почна кампањата за парламентарните избори кои во јуни ќе се одржат во два круга, а според анкетите за фаворит се смета партијата на претседателот Емануел Макрон заедно со центристичките сојузници.

Две недели пред првиот круг од изборите на 12 јуни, центристите на Макрон имаат предност во однос на коалицијата на левичарските партии предводена од Жан-Лук Меланшон, а на трето место, според анкетите, е екстремно десничарската партија Национално собрание. Марин Ле Пен.

Битката меѓу трите блока ќе биде тензична бидејќи Французите се соочуваат со галопирачка инфлација и слаб економски раст.

Според истражувањето на институтот Ифор, 52 отсто од Французите изјавиле дека нема да излезат на гласање. Парламентарните избори ќе се одржат на 12 и 19 јуни, речиси два месеци по вториот круг од претседателските избори, на кои Макрон ја победи Марин Ле Пен на 24 април и го започна својот втор мандат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт