Во Франција, од почетокот на јули, 474 лица се приведени под сомнение за подметнување пожари

Од:

Од почетокот на јули досега во Франција се приведени 474 лица под сомнение за подметнување пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа држава.

Меѓу приведените има 183 малолетници, или речиси 39 проценти од вкупниот број.
Француското МВР на почетокот на август објави дека две третини од апсењата се поврзани со сомнение за намерно подметнување пожар.

Нов шумски пожар избувна утрово во департманот Ланд во југозападна Франција. Во текот на ноќта, пожарот зафати околу 600 хектари, додека околу 500 луѓе беа евакуирани бидејќи пожарот се приближува кон населени места.

Франција сè уште е погодена од топлотен бран, а за денеска се предвидуваат температури од 35 до 38 степени Целзиусови, додека локално би можеле да достигнат 40 степени.

Би можело да ве интересира

Француските власти истражуваат голем сајбернапад врз супермаркети

Трамп за масовните протести во Франција: „Исламот сака да ја преземе некогаш големата земја“

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Над 400 училишта затворени во Франција поради протестите

Катерина Ѓуровски

Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

Папата првпат после 18 години во официјална посета на Франција

А1он