Во Филипини еден градоначалник убиен, еден повреден

Од:

Вооружени напаѓачи на мотор во Филипини убија еден градоначалник, а друг градоначалник повредија, во нападот убиен е возачот на граданачалниците, а телохранителот е повреден.

Убиен е градоначалникот на Ал Барке, Дарусалам Лајид, а повреден е градоначалникот на Акбар, Алих Сали.

Истражителите се обидуваат да гои идентификуваат двајцата вооружени напаѓачи и да ги утврдат нивните мотиви.

Двајцата градоначалници наводно се кандидирале на изборите што треба да се одржат на 9 мај следната година.

Во минатото изборите во Филипини беа обележани со крвави судири и обвиненија за измами, посебно во руралните региони.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски