Во земјите-членки на Европска Унија од денеска стапува во сила забраната за емитување на руските државни медиуми „Раша тудеј“и „Спутник“.
– Советот на ЕУ соопшти дека санкциите ги опфаќаат сите средства за пренос и дистрибуција, како што се кабелски, сателитски, ИПТВ платформи, веб-страници и апликации, а суспендирани се сите релевантни лиценци, овластувања и договори за дистрибуција.
Брисел оценува дека РТ и „Спутник“ се важни инструменти за „охрабрување и поддршка на руската агресија“ против Украина и оти тие претставуваат „значајна и директна закана за јавниот ред и безбедност во ЕУ“.
– Двата медиума се дел од координирани напори за манипулирање со информации, вклучително и дезинформации, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Извор: МИА