Во ЕУ против Ковид-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните

Од:

Повеќе од 78 отсто од возрасните луѓе во Европската унија се вакцинирани против коронавирус во изминатата година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против Ковид-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече шефицата на ЕК во видео обраќање.

Според неа, вакцинацијата, вклучително и засилувачката доза на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата на коронавирусот.

– Зголемената брзина на ширење на коронавирусот, особено на варијантата Омикрон, ја прави вакцинацијата уште поважна … Имаме доволно дози за да може секој да се вакцинира и да добие дополнителна доза на вакцина, рече Фон дер Лејен.

Ви ЕУ до сега се одобрени четири вакцини против Ковид-19 – Pfizer / BioNtech, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson. На вонреден состанок на 20 декември, Европската агенција за лекови ја препорача американската вакцина против коронавирусот Новавакс за употреба во ЕУ. Испораките на вакцините ќе започнат на почетокот на 2022 година.

Би можело да ве интересира

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина не се очекува да влијае врз епидемиолошката ситуација во Европа

Истрага на набавките на вакцини за Ковид-19 во Европската унија

Европа влегува во нов бран на коронавирусот

Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

Катерина Ѓуровски

Омикрон би можел да донесе крај на пандемијата во Европа

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон