Во еквадорската Амбасада во Лондон пронајден апарат за прислушување

Од:

Во кабинетот на еквадорскиот амбасадор во Лондон бил пронајден апарат за прислушување, објави еквадорскиот весник „Телеграфо“.

– „Бубачката“ била пронајдена на 16 јуни. Оваа информација не ја соопштив порано со цел посетата да не добие непријатна слика, изјави еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патињо по посетата Лондон, каде се сретна со основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој престојува во Амбасадата на Еквадор во британскиот главен град.

Патињо нагласи дека овој факт е „уште еден доказ за непостоење етика во меѓусебните односи на меѓународно ниво“.

– Не следат од секаде, истакна Патињо, додавајќи дека, според него, пронајдениот микрофон не е поврзан со програмата на САД за масовно следење, откриена од соработникот на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден.

Шефот на еквадорската дипломатија нагласи дека за овој случај ќе биде побарано објаснување од земјата која го произвела пронајдениот апарат, но не посочи за која држава станува збор.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот