Во експлозија што денеска се случи во една чајџилница, што била многу популарна меѓу војниците во сомалискиот граду Ванлавејн, загинаа најмалку седум лица, соопштија официјални претставници.
Меѓу жртвите има и цивили и војници, а 12 лица се тешко повредени, јавија британските медиуми, повикувајќи се на изјави на сведоци.
Официјалните претставници соопштија дека е во тек истрага за експлозијата во градот што е оддалечен од престолнината околу 90 километри.
Земјите во регионот и западни донатори стравуваат од нов бран насилство во Сомалија што би можел да го уништи извесниот напредок во поглед на безбедноста што го постигнаа мировните трупи на Африканската унија во борбата против екстремистите поврзани со Ал Каеда.