Десет девојчиња погинаа утринава од експлозија на бомба, додека собирале дрва за греење, надвор од своето село Давлацаи, на истокот на Авганистан, соопштија авганистанските власти.
-Се уште е нејасно што ја предизвикало експлозијата во селото Давлацаи, во дистриктот Чаперхар, во провинцијата Нангахар, изјави управникот на дистриктот Мохамад Седик.
Девојчињата била на возраст од девет до 13 години и сите биле од различни семејства, рече Седик и додаде дека во експлозијата се повредени уште две девојчиња, кои се во критична состојба и се пренесени во болница.
Тој не можеше да прецизира дали експлиозијата е предизвикана од подметната бомба или станува збор за неексплодирана мина, какви има многу во селските подрачја во Авганистан