Во експлозија која се случи денеска во близина на воена база, загинаа најмалку 13 лица, а минибусот кој превезувал цивили во целост е уништен, соопшти војската на Сомалија, дополнувајќи дека цел на нападот биле воени функционери, кои во тој момент ја напуштале базата.
Бомбата била подметната во автомобил во близина на базата, а новиот воен командира кој ја напуштал базата после преземањето на функцијата, го преживеа нападот.
Во нападот загинаа најмалку петмина војници и осум цивили, кои се наоѓале во минибусот, а одговорноста за нападот ја презеде исламската екстремистичка организација Ал Шабаб.