Во експлозиите во касарната во Манила повредени 13 војници и 12 пожарникари

Од:

Филипинската армија денеска соопшти дека во вчерашните експлозии и пожари во касарната „Камп Бонифачио’’, што е лоцирана во централниот дел на Манила, биле повредени четворица офицери, деветмина војници и 12 пожарникари.

Филипинските медиуми пренесуваат дека од се уште непознати причини експлозиите почнале во магацинот за пластичен експлозив, а потоа од пожарот предизвикал серија експлозии и пожари во соседните бараки во кои имало различни видови оружје и муниција.

Според претставникот на филипинската армија, сите повредени се сместени во болница и никој од нив не е во животна опасност.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати