Во Египет убиен еден од лидерите на Муслиманско братство

Од:

Египетското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека е убиен еден од лидерите на Муслиманско братство, Мохамед Камал, како и неговиот помошник Јасер Шехат.

Камал беше надлежен за „вооруженото крило“ на организацијата.

Камал и Шехат се убиени во стан во јужниот кварт на Каиро, Басатен.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси покрена жестока кампања против исламистите откако во 2013 година го собори од власт претседателот Мохамед Морси, кој беше од редовите на Муслиманско братство.

Египетските сили имаат елиминирано стотици следбеници на Муслиманско братство, а илјадници се уапсени и осудени на смрт во масовни судења, кои беа осудени од групите за заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува