Во Египет уапсен синот на поранешниот претседател Мохамед Морси

Од:

Еден од синовите на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси беше уапсен вчера од властите, соопшти неговиот адвокат.

Осама Морси е уапсен во својот дом во градот Загазиг, на 65 километри североисточно од Каиро, соопшти Абдел Максуд, адвокат на соборениот од власт во 2013 година претседател кој го претставува и неговиот син. При апсењето полицијата запленила лаптопи, мобилен телефон и готовина.

На Осама Морси, кој по професија е адвокат, му се суди за случајот поврзан со протестот на движењето „Муслимански браќа” во Каиро од август 2013 година, при што загинаа десетина полицајци кога беа насилно задушени протестите.

Не е јасна причината за апсењето на Морси, кој би требало да се појави в саботата на рочиште за случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува