Во Египет со патлиџани и чевли по Хилари Клинтон

Од:

Демонстрантите во Египет денеска гаѓаа со патлиџани по американскиот државен секретар хилари Клинтон и се посмеваа со неа извикувајќи „ Моника, Моника“.

Тие скандирања кои се однесуваат на скандалот во Белата куќа со Монија Левински во времето кога претседател беше нејзиониот сопруг Бил Клинтон, се слушнаа пред конзулатот на САД во Александрија каде Хилари Клинтон присуствуваше на неговото повторно отворање.

Демонстантите извикуваа „Моника, Моника“ и Клинтон заминувај“ ја пренесува AFP изјавата на официјално лице од безбедносните сили на Египет.

„Тие фрлаа со патлиџани, чевли и боци на колоната возила во која беше Клинтон, под заштита на египетската полиција“, пренесува новинската агенција.

Официјални лица од американската амбасада изјавија дека автомобилот во кој се возела Клинтон не е погоден. Протестите се последица на сомнежите дека во Египет муслиманите победиле на првите избори после Хосни Мибарак со помош на САД. Конзулатот во Александрија беше затворен во 1993 година поради кратење на буџетот.

„Сакам да бидам јасна дека САД во Египет не се занимаваат со изборот на победниците и губитниците, па дури и кога би можеле не би го направиле тоа“, рече Клинтон на отворањето на конзулатот во најголемото египетско пристаниште.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет