Во два напади во Гвадалахара четворица мртви, меѓу нив и Американец

Од:

Во два одделни напади врз два кафе-бара во Гвадалахара убиени се четири лица, меѓу кои и еден Американец, додека 16 се повредени, соопштија денес официјални лица.

Двајца мажи се убиени, а девет се повредени минатата ноќ во западниот град Гвадалахара, откако вооружен напаѓач влегол во барот, додека гостите гледале фудбалски натпревар.

Една од жртвите е американски државјанин, јавија локалните медиуми, иако американскиот конзулат, како и локалното обвинителство не ја потврдија оваа информација.

Неколку моменти по првиот напад, напаѓачи фрлиле граната во друг бар, каде што е убиен 28-годишниот келнер и уште еден млад човек, додека седум лица се повредени, пренесе АФП.

Гвадалахара е главен град на мексиканската сојузна држава Халиско. Се наоѓа на западната висорамнина, на околу 500 километри западно од главниот град на Мексико.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви