Најмалку 11 лица загинаа, а 66 се водат како исчезнати, меѓу кои 26 деца, како последица на два бродоломи во близина на брегот на јужна Италија.
Агенциите на Обединетите нации објавија дека бродовите превезувале мигранти кои тргнале од Либија и Турција.
Германската добротворна организација „Рескшип“ денеска соопшти дека во понеделникот собрала 51 лице од дрвен брод што тоне и пронашла 10 тела заробени на долната палуба во близина на островот Лампедуза.