Во Дрезден утре забранети собири на отворено поради закана од терористички напади

Од:

Полицијата во Дрезден го забрани организирањето на сите собири на отворено поради зголемена опасност од терористички напади, јави ДПА.

Полицијата располага со информации за подготвувани напади против приврзаници на антиисламистичкото движење ПЕГИДА, кое претходно денеска објави на Фејсбук, дека го откажува за утре планираниот митинг.

Според специјалните служби, терористи планирале да се смешаат со учесници во демонстрациите, при што целта им била да го убијат еден од главните организатори на протестот Луц Бахман.

Во соопштението на полицијата се наведува дека поради потенцијална опасност за животот и здравјето на сите учесници манифестациите на отворени ќе бидат откажани.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски