Во дополнителниот „црн список“ на ЕУ се вклучени само лидери на сепаратистите од Источна Украина

Од:

Во дополнителниот „црн список“ на ЕУ на лицата на кои се наложени санкции поради конфликтот во Украина, се вклучени само лидери на сепаратистите во Источна Украина. На списокот нема ниту еден руски претставник.

Денеска имињата на 11 лица, кои беа додадени овие денови кон списокот на санкционирани лица, беа објавени во Службениот весник на Унијата. Меѓу нив се Александар Бородај, прогласен за премиер на т.н. Доњецка народна република, министерот за безбедност Александар Ходаковски, вицепремиерот Александар Каљуски, министерот за информации Александар Хрјаков и премиерот на т.н. Луганска народна република Марат Баришов и други.

На сите нив до ноември им е забрането да влегуваат во ЕУ, а сметките во банките ќе им подлежат на замрзнување.

Со новите 11 лица вкупниот број на лица вклучени во „црниот список“ на ЕУ за Украина и Русија е 72.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите