Во Доњецк на 2. ноември ќе се одржат избори

Од:

Самопрогласената Доњецка народна република на 2. ноември ќе одржи избори, иако претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша нов закон за специјалниот автономен статус на источниот регион на Украина, изјави денеска премиерот на Доњецк, Александар Захарченко.

– Ние нема да го признаеме овој закон. Тој не се однесува на нас, бидејќи го потпиша претседател на друга земја. Ние се подготуваме да одржиме избори на 2. ноември и нема да се откажеме од независноста. Сметаме дека нашата територија е нелегално окупирана, истакна Захарченко.

Порошенко вчера го потпиша Законот за т.н. специјален статус на Доњецк во период од три години, кој е заснован на спогодбата постигната на почетокот на декември во Минск.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина