Во денешните немири во Франција уапсени се 291 демонстрант, а повредени се 108 полицајци

Од:

Најмалку 108 полицајци се повредени во Франција, од кои 20 во Париз, на собирите по повод Меѓународниот ден на трудот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин, додавајќи дека 291 лице се приведени низ целата земја, од кои 90 во главниот град.

Таков број повредени припадници на безбедносните сили „е исклучително редок на 1 мај“, додаде министерот за внатрешни работи, „најостро го осудува насилството“. Полицаецот кој беше погоден со молотов коктел во Париз „има изгореници по лицето и рацете, но неговиот живот не е во опасност“, изјави Дарманин.

Во понеделникот неколку стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа на првомајските паради, кои беа обележани со протести на обединетите синдикати против пензиските реформи и насилството во кои беа повредени околу стотина полицајци.

Генералниот секретар на CGT Софи Бине рече дека е многу задоволна од „големиот одѕив што ја покажува решеноста да се повлече пензиската реформа“, а нејзиниот колега од CFDT Лоран Бергер ја пофали „големата мобилизација“ на 1 мај.

Иако одѕивот беше далеку од рекордното ниво на крајот на јануари, кога, според проценката на МВР, на улица излегоа речиси 1,3 милиони луѓе, овогодинешниот празник на трудот успеа да собере поголем број луѓе од вообичаеното, а ова по 12 дена протести.

Би можело да ве интересира

Французите формираа Кризен штаб поради саботажа на железницата

Горан Наумовски

Нова драма во близина на границата во Франција: Евакуиран аеродром

Горан Наумовски

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Горан Наумовски

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

(ВИДЕО) Најмалку седум лица загинаа во пожар во зграда во Франција