Во Чешка живеат 1.103 стогодишници

Од:

Во Чешка живеат 1.103 граѓани кои имаат сто и повеќе од 100 години.

Според податоците од чешкиот Центар за социјални грижи (ЧССЗ) во јануари годинава им била исплатена пензија на 920 жени и 183 мажи кои се родени од 1904 до 1913 година.

Најстарата жена има 108 години, а најстариот меѓу мажите е 107-годишник. Во моментов, највеќе стогодишници живеат во Прага и тоа околу 200 лица. Годинава 100 години ќе наполнат уште 466 лица, од кои 373 се жени.

Тие на роденденот добиваат писмо со честитки од министерката за труд и социјални работи Лудмила Милерова и покачување на пензијата во висина од 2.000 круни (80 евра).

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица