Во Чешка женте повеќе ги користат платежните картички од мажите

Од:

Според најновите податоци на чешките банки жените се тие што најчесто во продавници, ресторани и бензиски пумпи плаќаат безготовински, со платежни картички.

Во просек, тоа се случува 45 пати годишно, додека мажите во текот на една година остваруваат едно плаќање помалку.

Статистиката покажува дека, иако мажите со картичка плаќаат поретко, сепак преку нив трошат поголема сума пари од жените.

Конкретно, жените преку кредитна картичка за една година трошат просечно 1.668 евра, додека мажите од автомат извлекуваат просечно 2.128 евра. Но, рекордот на најголема извлечена сума со картичка го држи жена, која за една година успеала да потроши 56.000 евра.

Според аналитичарите, Чесите најчесто кредитните картички ги користат за купување во периодот кога има попусти, како и за сезонски пазарења.

Во периодот на зимските и летните одмори, кредитните картички најчесто се користат за бензин, патарина и хотелски услуги, а пред божиќните празници со нив се плаќаат подароците за блиските.

Се уште е голем бројот на клиентите, кои картичките ги користат само како финансиска резерва за итни случаи или само за плаќања надвор од државата.

Банкарите коментираат дека Чесите рационално ги користат кредитните картиќки и многу малку од нив плаќаат камати, односно се трудат да не ги пречекоруваат дозволените лимити.

Дебитните картички најчесто се користат за вадење пари од автомати, а кредитните за плаќање во продавници и други служби. Кредитните картиќки најпогодни им се и на измамниците и речиси секое десетто плаќање со кредитна картичка подоцна се злоупотребува.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица