Од денеска во Чешка е дозволено колење на крокодили и обработка на нивното месо, кожа, органи и други делови од телото, јави дописникот на МИА од Прага.
– За да се онеспособи крокодилот, на челото меѓу очите се мести направата чиј проектил ќе влезе до кората на мозокот и тоа мора да се направи така животното веднаш да се онесвести и потоа да умре.
Ова е дел од одредбата на Министерството за земјоделство со која се уредува убивањето на крокодили без мачење во специјални кланици.
Споре, ресорното Министерство и во некои други земји на ЕУ, крокодилите не се на Листата на специјално заштитени животни која се однесува на загрозени видови на дива флора и фауна.
Моментално, во Чешка има само една крокодилска фарма, која се соочува со проблеми поради еколошките услови и се уште нема обезбедно потомство, иако со одгледување на крокодили се занимава од 2011 година.
– Месото може да се смета како нус-производ, бидејќи од еден ,,возрасен” крокодил се обезбедува околу два килограми месо употребливо за човечка исхрана, објаснува Павел Моуха, претседател на Асоцијатата за одгледување и заштита на крокодилите.
Во Чешка килограм крокодилско месо чини 50 евра и тоа досега во земјата се носеше само замрзнато.
Бифтек од крокодил се служи само во една прашка кафеана каде за 200 грама се плаќа 28 евра.