Во Чешка откриен магацин со 600.000 литри нелегален алкохол

Од:

Во северниот дел на Чешка, на периферија на град, чие име засега не се соопштува полицијата открила магацин во кој имало 560.000 литри нелегално произведен алкохол.

Алкохолот со камиони е пренесен до царински магацини и ќе се испитува дали во него има метанол, кој доколку се пие има смртни последици. Областа каде е магацинот била напуштен и се претпоставува дека дистрибуцијата се вршела во ноќните часови или за време на викендите кога нема голема фреквенција на луѓе во близина.

Пред два месеци во Чешка се појавија првите случаи на труење со алкохол кој содржел метанол и дури и денес не престануваат да се појавуваат нови случаи на затруени лица.

Во изминатиот период од алкохолно труење починаа 30 луѓе, а десетици се на болничко лекување.

Полицијата уапси педесетина лица кои се занимавале со нелегални дејствија при производство на алкохолни пијалоци.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница