Узбекистан го запре пристапот до мобилниот интернет и ја блокира можноста за испраќање SMS и MMS пораки за целото население за да го спречи препишувањето на приемните испити на универзитетите, пренесоа француските медиуми.
Двата најголеми мобилни оператора во земјата соопштија за „итната неопходност од изведување активност за поддршка на телекомуникациските мрежи“, точно во времето кога ќе се изведуваат приемните испити за бруцошите на факултетите.
Според локалните медиуми, запирањето на мобилните услуги е дел од големата кампања на властите против измамите за време на испитот и поконкретно има за цел учениците да ги спречи да кријат мини телефони во обувките и на тој начин да ја добиваат помош однадвор.
На постери, залепени на продавниците за мобилни телефони во Ташкент, може да се
прочита: „Не се потпирајте на мини телефони, користете ја својата глава за да ги минете испитите“.