Во Букурешт се одржува Меѓународна конференција за проширување на ЕУ

Од:

Комисијата за надворешна политика на романскиот Сенат денеска организира Меѓународна конференција на тема „Проширување на ЕУ. Етапа и предизвици за земјите од Западен Балкан“.

На Конференцијата учествуваат претставници од Македонија, од Албанија, од Босна и Херцеговина и од Србија.

Целта на средбата е поддршка на парламентарно ниво за проширувањето на ЕУ за земјите од Западен Балкан, како и поддршка за државите кои стремат да добијат кандидатски статус.

Конференцијата ќе биде отворена од претседателот на Комисијата за надворешна политика на романскиот Сенат, Петру Филип, а ќе се обратат и претседателот на Кимисијата за европски прашања и имиграција на италијанскиот Сенат, Пиер Фердинандо Касини, шефот на романската дипломатија Титус Корлацјан и професорот и поранешен преговарач на Романија со ЕУ, Василие Пушкаш.

На Конференцијата ќе биде усвоена декларација за поддршка на земјите од Западен Балкан за напорите за исполнување на целите за европската интеграција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Силен земјотрес ја погоди Романија

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија