Во Букурешт хоспитализиран маж кој допатувал од Нигерија

Од:

Шеесетгодишен маж од романскиот град Констанца, кој неодамна се вратил од Нигерија, каде работел на брод, денеска бил хоспитализиран во националниот институт за инфективни болести „Матеј Балш“ во Букурешт поради сомнеж од ебола, изјави менаџерот на болницата Адриан Стреину Черчел.

Тој потврди дека мажот имал висока температура и не се чувствувал добро, поради што заминал во болница во Констанца, од каде бил испратен на институтот во Букурешт. На него ќе му бидат извршени анализи за да се утврди дали е заразен од ебола или со некоја друга инфекција.

Черчел потенцира дека моментно станува збор за сомнеж од заразување со смртоносниот вирус и ќе бидат преземени сите мерки за изолирање на пациентот додека биде утврдена вистинската дијагноза.

– Бидејќи пристигнал од Нигерија, постои можност да е заразен со ебола. Меѓутоа, многу е малку веројатно тоа да биде дијагнозата, бидејќи Нигерија е прогласена од Светската здравствена организација за земја без ебола, додаде Черчел.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година