Во Буча пронајдени уште тела

Од:

Телата на тројцата мажи се пронајдени во јама во близина на Буча, место кај Киев кое стана синоним за руските воени злосторства, соопшти украинската полиција.

Телата биле пронајдени вчера.

„Рацете на жртвите беа врзани, очите им беа покриени со партали, а на некои им беа затворени устите. На телата има траги од тортура“, се вели во соопштението на регионалната полиција на Киев.

Би-би-си пишува дека за ваквите информации не можело да се добијат независни потврди.

Москва ги отфрла тврдењата дека руските војници извршиле злосторства во Буча. Во исто време, Украина почна лов по 10 руски војници обвинети за воени злосторства во Буча.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ