Во Британија е уапсено трио кое со години им помагаше на најбараните криминалци

Од:

Тројца мажи кои водеа глобална служба за лажни пасоши за најбараните бегалци во светот се уапсени во Британија откако истражителите ја разбија нивната 20-годишна „операција“.

Документите што им ги продале биле автентични, но со измама украдени од луѓе кои личеле на најбараните убијци, шверцери на оружје и дилери на дрога.

Нивната банда едноставно ќе ја отстранела вистинската фотографија на сопственикот на пасошот и ја заменувала со слика на бегалецот од правдата.

Еден од уапсените, 61-годишниот Ентони Берд, се верува дека доставил стотици пасоши што ги украе од ранлива популација чии документи требало да истечат, уверувајќи ги дека ќе им ги обнови. Берд е осуден на шест години и осум месеци затвор.

Истражителите на британската Национална агенција за криминал тајно го снимија Берд како се среќава со сопствениците на пасоши и ги убедува да соработуваат во измамата. Го снимија и како се јавува во Управата за пасоши.

Кристофер Зитек (67) бил посредник кој би ги зема пасошите од Берд и ги доставува до озлогласеното семејство Адамс, криминална група во северен Лондон, која потоа ги продава на бегалците. Тој е осуден на осум години затвор.

Меѓу клиентите кои плаќале до 15.000 фунти за пасош е и Џејми Акур, кој е осомничен и за убиство. Берд е виден како се среќава со соработник на Акур, кој бил следен од истражителите.

Алан Томпсон (72) пак го возел Берд на состаноци со криминалци и транспортирал пасоши, а е осуден на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Криминална банда се занимавала со проституција и продажба на дрога, обвинет е и полицаец

Горан Наумовски

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски