Дипломатите од земјите членки на Европска унија, задолжени за преговорите за Брегзит, денеска се повикани на вонреден состанок на преговарачите.
– Би можело да дојде до договор, изјави неименуван висок дипломат на ЕУ.
Други дипломати тврдат дека е не е остварен напредок во преговорите со Велика Британија за Брегзит.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис ќе се сретне со шефот на преговарачкиот тим на ЕУ, Мајкл Барние во Брисел, додека двете страни се обидуваат да постигнат преоден договор пред самитот на ЕУ, што треба да се одржи в четврток.
За време на викендот претставници и дипломати на ЕУ разговараа и за надминување на сериозните разлики околу ирската граница и остварија добар напредок.
Неименуван висок претставник на ЕУ посочи дека изјавите за постигнат договор се „претстава за јавност“.
Барние и британската Влада одбија да коментираат.