Во Брисел се одржува Советот за асоцијација ЕУ – Украина

Од:

И покрај војната денеска во Брисел се одржува осмиот Совет за асоцијација помеѓу ЕУ и Украина, во присуство на украинскиот премиер, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот на Украина, Денис Шмихал, ќе се сретне остане со високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, по што ќе одржат заедничка прес конференција попладнево.

Украина и Европската Комисија денеска потпишаа и нова програма на буџетска поддршка во износ од 500 милиони евра за помош на раселените лица и на украинското земјоделство. Украина исто така ќе се придружи кон Дигиталната програма на ЕУ како и другите земји членки на ЕУ и ќе можат украинските бизниси и администрација да добиваат фондови од дигитални области како вештачката интелигенција, дигитални вештини итн.

ЕУ исто така ќе ја олесни соработката во даночната и царинската политика со Украина.

Украина во јуни оваа година доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Пукање на метро станица во Брисел, неколку линии запрени