Во Брисел се договорија за ковид-пасошите

Од:

Европратениците и земјите членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори за дигиталните зелени сертификати кои треба да ги олеснат патувањата во ЕУ летово.

Информацијата ја потврдија неколку дипломатски извори за медиумите, се очекува да биде официјализирана наскоро.

Европската Комисија пред неколку недели предложи зелени сертификати, еден вид пасош кој содржи информации дали лицето е вакцинирано, дали прележало Ковид-19 и има антитела или негативен ПЦР тест.

Европскиот парламент бараше неколку измени за овие документи, како на пример името, но бараше и ПЦР тестовите да бидат бесплатни.

Според првичните информации, Европската Комисија се заложила да мобилизира дополнителни сто милиони бесплатни тестови за овие сертификати, главно за лицата кои патуваат често, додека земјите членки на ЕУ се заложиле да спречат дополнителни рестрикции како карантин и изолација, освен ако се пропорционални.

Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец Ковид пасошите би требало да станат реалност до почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он